ВИДЕО | Јелена Спенџарска шеговито запеа: Имаш кола ал немаш бензина

1 min read

Денес сите зборуваат за поскапувањето на цените на храната, животот, но бензинот има посебно место во реториката на јавноста и зафрканциите на социјалните мрежи. На возот од досетки се приклучи и водителката Јелена Спенџарска која веќе има реноме за шегобиец.

Таа на својот инстаграм-профил сподели видео во кое ја изведува песната „Imaš kola al’ nemas benzina“, стилизирана во магента фустан со нови чевли, за кои се пофали на „Instagram Story“, а патем многу добро ѝ стојат.

„Ново поскапување на бензинот… Да не поскапи ракијата само!“, напиша таа во описот.

Водителката држи микрофон и глуми како посветено ја пее песната Imaš kola al’ nemas benzina“ од српската фолк пејачка Вера Матовиќ.

Јелена е активна на социјалните мрежи „ТикТок“ и „Инстаграм“ на кој има повеќе од 44.000 следбеници и е секогаш тука да созаде смеа во тешки времиња.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Најдобрата антикризна мерка се предвремени избори, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Следно

Владината делегација се сретна со претставници на ИРИ и НДИ во Вашингтон

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian