ВИДЕО | Јапонец сакаше да стане куче, па потроши 14 000 евра

1 min read

Јапонец кој се трансформира во куче користејќи ултра реалистичен костим, изјави дека го крие своето кучешко алтер его од своите пријатели затоа што е загрижен дека ќе мислат дека е чудно.

Минатиот месец, Токо потрошил 14 000 евра на посебно изработен костим за шкотски овчар, исполнувајќи ја својата животна амбиција да стане животно.

Сепак, тој го носи костумот само во „посебни прилики“ и ја крие својата тајна од пријателите и колегите кои „мислат дека е чудно што сакам да бидам куче“.

„Уште кога бев мало дете, сакав да бидам животно. Мислам дека тоа е желба за трансформација. Размислувам за тоа откако можам да се сетам“, изјави Токо за „MailOnline“.

„Не сакам моето хоби да биде познато“, рече тој, „особено кај луѓето со кои работам“. „Тие мислат дека е чудно што сакам да бидам куче. Од истата причина зошто не можам да го покажам своето вистинско лице“.

На неговиот „YouTube“ канал има видеа од кучешки активности.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Чилиќ во полуфиналето на „Ролан Гарос,“ го елиминираше и Рубљов

Следно

Ивановска: Граѓани го запишуваат имотот на функционерите на свое име и за тоа добиваат противуслуги

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian