Трагедија ја потресе Бугарија: Мајка со нож ја убила 8-годишната ќерка

1 min read

Самохрана мајка од пловдивското село Железно со нож ја убила својата 8-годишна ќерка, потврдија од бугарското МВР, јавува Бнтњуз.

Жената потоа се повредила и моментално е во критична состојба во болница. Од здравствената установа не даваат повеќе информации за нејзината состојба.

Од полицијата изјавија дека е поведена предистражна постапка, но од обвинителството појаснија дека случајот засега нема да се коментира.

Мештаните велат дека 31-годишната мајка Лили Халкалиева била исклучително грижлива за детето, таа дипломирала агрономија, но во последно време немала работа.

Сите во селото се во шок. Социјалните служби коментираат дека не добиле никакви сигнали дека семејството е во ризик и дека не било вклучено во нивните програми за поддршка, пишува Бнтњуз.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Апсења низ цело Скопје за марихуана

Следно

Официјално: Погба летово ќе се раздели со Манчестер јунајтед

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian