Тоше Ончев од словенечкиот Тримо Требње во ГРК Охрид

1 min read

Тоше Ончев одлучи кариерата да ја продолжи во Македонија, денеска се промовираше како нов ракометар на суперлигашот ГРК Охрид.

Ончев игра на позицијата лев бек, во следните три години ќе го носи дресот на ракометниот клуб Охрид.

Досега настапува во Словенија за екипата на Тримо Требње, во чии бои заедно со Милан Лазаревски станаа вицешампиони во тамошното првенство.

Претходно ги бранеше и боите на Вардар Јуниор, Вардар, Пелистер, Вернулт и Ст.Марсел Вермон (Франција), Керкира (Грција) и РК Работнички.

– Прво пред сè голема благодарност до клубот и управата за довербата што се одлучија за мене да ме доведат во своите редови. Кога ми се јавија да преговараме, ми го кажаа проектот за во иднина и тоа ме привлече да се вратам назад во мојата родна земја. Се надевам на големи успеси и излез во Европа за наредна сезона – рече Ончев на својата презентација.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Радев негира дека ќе оди во Франција

Следно

Поранешната принцеза на Катар пронајдена мртва: Го обвини поранешниот сопруг дека сексуално ја злоставувал нивната ќерка

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian