„Stranger Things“: Објавена пред неполна недела, веќе е најгледаната серија на „Netflix“

1 min read

Откако пред нешто помалку од една недела на „Netflix“ беше објавена четвртата сезона од серијата „Stranger Things“, истата го собори рекордот на гледаност во првиот викенд од прикажувањето, со што ја симна од тронот втората сезона на серијата „Bridgerton“ која важеше за најгледана серија на „Netflix“.

Според листата на 10 најгледани серии на „Netflix“ минатата недела, „Stranger Things“ достигна неверојатни 287 милиони часови гледаност, додека „Bridgerton“ го држеше рекордот од 193 милиони часови. Успехот е дотолку поголем ако се има предвид дека серијата всушност беше достапна само три дена таа недела, од петок до недела. Исто така, има поголема гледаност од останатите девет наслови вкупно.

Новата сезона на „Stranger Things“ привлече гледаност и со претходните сезони, па првата, втората и третата се најдоа на листата на најгледани, иако со многу помалку часови.

Да потсетиме, четвртата сезона излезе по тригодишната пауза, а нејзиното снимање траеше подолго поради коронавирусот. Првиот дел од новата сезона е достапна на „Netflix“ од минатиот петок, додека вториот дел треба да излезе на 1 јули оваа година.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Македонските пливачи Јанковиќ и Ѓуретановиќ на Медитеранскиот КОМЕН Куп во Лимасол

Следно

Османи: Има меѓународна иницијатива во спорот со Бугарија, Скопје и Софија се во постојана комуникација

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian