Стефанов: Бугарија е 100% фаворит, зошто да се плашиме од Македонците, кои се тие?

1 min read

Претседателот на бугарскиот фудбалски клуб Славија, Венцеслав Стефанов зборуваше за медиумите на актуелни теми во бугарскиот фудбал.

Во четврток (2 јуни) со почеток од 18.00 часот Бугарија во Разград ќе ја пречека македонската А репрезентација во првиот натпревар од Лигата „Ц“ во УЕФА Лигата на нации.

Стефанов ја коментираше изјавата на Емил Костадинов, потпретседателот на Бугарската фудбалска федерација, кој вели дека групата „Ц4“ во која се наоѓа Бугарија заедно со Македонија, Грузија и Гибралтар е навистина тешка.

– Костадинов се шегува, тој не е еден од кукавиците. Каква е оваа глупост? Зошто да се плашиме од Македонија, кои се тие? Ние сме 100% фаворити. Грузија има раст, но тоа е Грузија. Доколку почнеме да се плашиме од нив, подобро да не играме фудбал – вели Стефанов.

Прочитајте повеќе – Трајковски: Имаме нова шанса да играме повторно на Европско првенство

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Најдобрите ученици од Бутел добија парични награди од градоначалникот

Следно

Прва исповед на Миша Гроф по смртта на синот: Љубовницата на Видое крие од што починал, од неа нема ни трага ни глас

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian