Спасеновски по европската бронза во Газиантеп: Наредниот медал ќе биде злато

1 min read

Македонскиот каратист Петар Спасеновски оствари голем успех на Европското првенство во Газиантеп (Турција) освојувајќи го бронзениот медал во категоријата до 84 килограми.

Нашиот натпреварувач во „малото финале“ успеа со резултат 2:0 да го совлада Турчинот Оз Мурат со поени остварени пред самиот крај на борбата.

– Наредниот медал ќе биде злато – беа зборовите на Спасеновски на прес конференцијатата во просториите на Агенцијата за млади и спорт.

Шанса за медал имаше и македонската репрезенативка Вероника Костовска која изгуби во борбата за бронза од Французинката Лаура Сиверт, и заврши на одличното петто место. За почит е и одличното седмо место за младиот машки ката тим.

Агенцијата за млади и спорт, согласно правилникот, ги категоризира успесите на освојувачите на бронзениот медал Спасеновски, како и петтото место на Костовска. На пресот свои излагања имаа и селекторот во борби, Александар Кузмановски и Стојан Андриевски во кати.

– Уште еднаш каратистите ја претставија Северна Македонија во најдобро светло и докажаа дека има иднина во младите карате натпреварувачи, а Карате федерацијата е на прав пат – рече директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски.

Разговор со Спасеновски: Бев супер подготвен, убаво се изборив за медал на Европското првенство

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Се санира улицата „Јанко Мишиќ” во Драчево

Следно

Ароматичен десерт од рацете на Стефанија Несторовска: Колач со вишни

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian