Словенечкиот Парламент со големо мнозинство го изгласа предлогот на мандатарот Роберт Голоб за состав на новата влада на земјата.
По неколкучасовна расправа, за тимот составен од 17 министри и министри гласаа 53 пратеници од три партии од владејачката коалиција на Голоб. Против беа 28 пратеници од Словенечката демократска партија на поранешниот премиер Јанез Јанша и од демохристијанската Нова Словенија, која беше во претходната владејачка коалиција.
Голоб во својот говор на почетокот на седницата истакна дека неговата влада е добро составена комбинација од искусни политичари и експерти во одредени области, дека веднаш ќе почне да работи на приоритетите поставени со коалицискиот договор и оти граѓаните наскоро ќе бидат горд на таква Влада.
Тоа е 13-та словенечка влада од стекнувањето на државната независност и една од најбрзо формираните по парламентарните избори одржани на 24 април годинава.
Заедно со министрите од партијата Движење за слобода на Голоб, која освои најмногу гласови на изборите, имаше и министри од две коалициски партии, Социјалдемократите и Левица.
Извор: МИА