Швјонтек против Касаткина за финале на „Ролан Гарос“

1 min read

Пласман меѓу четирите најдобри на Отвореното првенство во Франција во женска конкуренција обезбедија Ига Швјонтек и Дарија Касаткина со денешните победи против Џесика Пегула, односно Вероника Кудерметова.

Швјонтек (1. носителка) од Полска и Касаткина од Русија ќе се сретнат во полуфиналето на „Ролан Гарос“, а за влез во финалето ќе се борат уште Мартина Тревизан (Италија) и Кори Гоф (САД).

Полската тенисерка која е најголема фаворитка на турнирот ја оправда фаворитската улога против Американката со 6:3 и 6:2 за еден и пол час игра.

А Касаткина триумфираше над нејзината сонародничка Кудерметова со 2:0 во сетови 6:4 и 7:6 (5) во меч кој траеше два часа.

Потсетување дека кај мажите пласман во полуфиналето обезбеди Рафаел Надал кој беше подобар од Новак Ѓоковиќ, а Шпанецот за финале ќе игра против Александар Зверев.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Курти: Косово има заедница на општини, српска заедници би била противуставна

Следно

ФОТО | Тамара Тодевска наполни 37 години: Поубаво не сум се чувствувала никогаш

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian