Што прави денеска: Гораст Цветковски, актер

3 mins read

Гораст Цветковски е македонски театарски, филмски и телевизиски актер и водител. Дипломирал на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на Факултетот за драмски уметности во Скопје, на отсекот за актерска игра во класата на Владимир Милчин во 2005 година. Од 2010 година е дел од Македонскиот народен театар во Скопје.

Јавноста го памети по многубројните улоги во филмовите „Како убив светец“, „Пусто турско“, „Караула“, „Бунило“, „Трето полувреме“, „Скопје ремикс“, „Во отсуство“, „До Балчак“, „Аудиција“, „Ул. Шекспир 9/1“, „Враќање“, „Збор“, „Медена ноќ“, „Дете“, „Копање“, „ТМ“ и други. Со свои улоги остави белег и во ТВ-сериите „Дајте музика“, „Кум“, „Од денес за утре“, „Обични луѓе“ и други. Беше Чарли во претставата „Бесачи“, Мара во „Дух“, Рамбо, генерал Смит во „Ничија земја“, Гораст во „Копање“, Духот на ламбата во „Авантурите на Аладин“, Виктор Абрамович во „Животот е прекрасен“, Понтиј Пилат во „Мајсторот и Маргарита“, Митре, Владимир во „Парите се отепувачка“ и уште многу улоги.

Гораст Цветковски
Гораст Цветковски / Фото: МНТ

Добитник е на наградата АМФИ за актер со најмногу одиграни претстави на матичната сцена во 2010 година, наградата за најпопуларен актер за 2011 година на Златна бубамара на популарноста како и наградата за епизодна улога „Димче Трајковски“ на МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп за улогата на Рамбо во претставата „Ничија земја“ во 2018 година.

Цветковски покрај обврските поврзани со актерството од 2013 година е соосновач и домаќин на невладината организација Македонската асоцијација за развивање игри – МАГДА која има за цел да одговори на потребите на заедницата за развој на видеоигри во Македонија.

Гораст Цветковски
Гораст Цветковски / Фото: Фејсбук

Го прашавме како приближно изгледа еден негов ден, па еве што ни откри Гораст.

„Наутро најчесто сакам активно да ми почне денот, па така штом излетам од кревет, се пуштам веднаш во теретана. Таму поминувам приближно два часа тренинг со кардио и во 9 часот сум веќе спремен за другите обврски што ги имам во текот на денот.

Од тука почнуваат тековните работи околу театар, „ГГ.МК“ и Македонската асоцијација за развивање на игри – „МАГДА“. Со „ГГ.МК“ се спремаме за #грандегивавеј кој треба да се случи на 6 јуни, а со „МАГДА“ во тек се предавањата на тема обуки за правење и програмирање на видеоигри.

Гораст Цветковски
Гораст Цветковски / Фото: Драган Гајиќ

Така, ред состаноци, ред игрици до попладне каде што почнуваат факултативните занимации со фамилијата. Како и сите модерни фамилии, така и ние на децата им начукавме повеќе постшколски активности отколку што имаат професионални атлети па треба да се испочитува и тој дел.

Вечерта домашно кино, гејминг со децата или некоја друштвена игра додека некој не се расплаче. Потоа убедување дека е веќе доцна и треба да се спие, па кревет па утре повторно истото“.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Разговор со Филип Талески: Мило ми е што репрезентацијата и Вардар добија сигурност во мене

Следно

ВИДЕО | Петрушевски: Опозицијата нема да поддржува закони кои не се наменети за граѓаните

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian