Селмани: Ако Али Ахмети се повлече од лидерското место, прашање е дали ДУИ ќе опстои

1 min read

ДУИ ја започна кариерата како политичка партија како движење на бунтот на граѓаните со албанско потекло, па нивниот подем беше очекуван и тие се најконтинуитетната партија во последните 20 години.

-Во јавноста се поделени мислењата дали ДУИ е ДУИ само со Али Ахмети. Повеќето Албанци во Македонија сметаат дека ако Ахмети се повлече од лидерското место на партијата тоа ќе се одрази на ДУИ во смисла на тоа дека ќе се разбудат политички амбиции. Сме го виделе тоа. Црвенковски замина од СДСМ, а Георгиевски од ВМРО-ДПМНЕ но овие партии го преживеаја тоа. Од друга страна, со заминувањето на Арбен Џафери неговата партија ДПА претрпе сериозни последици во смисла на популарноста кај гласачите, коментира Имер Селмани, поранешен министер и претседателски кандидат за Утрински брифинг.

Селмани коментира дека ако помалите партии на Албанците во Македонија научат да соработуваат меѓу себе, тогаш е можно обединувањето на партиите да доведе до симнување на ДУИ од оваа позиција што ја има последниве 20 години.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Зошто некои страсни пушачи никогаш не заболуваат од рак на белите дробови?

Следно

Австралија ја доби родово најбалансираната влада во својата историја

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian