Радев побара референдум околу ветото за Македонија

1 min read

Бугарскиот претседател Румен Радев побара да се праша бугарскиот народ за симнување на ветото за почеток на пристапните преговори на ЕУ со Македонија, во одговор на новинарско прашање за најавената средба на бугарскиот државен врв со францускиот претседател Емануел Макрон во врска со македонските евроинтеграции.

Бугарскиот премиер Кирил Петков постојано кажува дека што и да биде договорено со Македонија ќе треба да помине во бугарскиот парламент, а Радев оди чекор понатаму и бара референдум.

„Што се однесува до убедувањето на премиерот дека последна инстанца за темата ‘Република Северна Македонија’ е парламентот, треба да прецизирам дека последната инстанца секогаш е народот и за негово консултирање има уставни механизми“, изјави Радев, кој кажа дека не се исполнети условите за средба со Макрон за Македонија.

Ова е првпат Радев да навести референдум за прашањето, а такво барање досега имаше само од ВМРО-БНД на Красимир Каракачанов.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Јуни им носи многу среќа на неколку хороскопски знаци: Отворете ја вратата на љубовта и успехот!

Следно

Столтенберг свикува состанок на претставници од Финска, Шведска и Турција

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian