Петровска во Арлингтон им оддаде почит на загинатите американски војници

1 min read

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, во рамки на посетата на САД, денеска положи венец на Гробот на незнајниот војник на Националните воени гробишта „Арлингтон” во Вашингтон.

Петровска преку овој чин им оддаде почит на загинатите американски војници, во духот на исклучително блиските односи на Северна Македонија и Соединетите Американски Држави, стратешкото партнерство и сојузништво во НАТО.

Петровска го посети и Меморијалниот центар на националните гробишта „Арлингтон”, каде подари плакета во чест на загинатите американски војници.

Меморијалниот саркофаг на непознатиот војник во Националните воени гробишта во Арлингтон е изработен пред 101 година и претставува последното почивалиште на неидентификувани американски војници од Првата светска војна и подоцнежните војни.

Посетата на министерката Петровска на САД денеска продолжува со неколку средби со тинк-тенк заедницата, како и со официјална вечера со помошничката на секретарот за одбрана, Селесте Валандер.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Тамара Тодевска наполни 37 години: Поубаво не сум се чувствувала никогаш

Следно

Протест на Авганистанците сместени во Албанија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian