Парламентот во Словенија ја одобри новата Влада предводена од Роберт Голоб

1 min read

Словенечкиот Парламент со огромно мнозинство ги потврди министрите во новата Влада на премиерот Роберт Голоб, со што го започна својот мандат.

По неколкучасовна расправа, за тимот составен од 17 министри и министри гласаа 53 пратеници од три партии од владејачката коалиција на Голоб. Против беа 28 пратеници од Словенечката демократска партија на поранешниот премиер Јанез Јанша и од демохристијанската Нова Словенија, која беше во претходната владејачка коалиција.

Голоб во својот говор на почетокот на седницата истакна дека неговата влада е добро составена комбинација од искусни политичари и експерти во одредени области, дека веднаш ќе почне да работи на приоритетите поставени со коалицискиот договор и оти граѓаните наскоро ќе бидат горд на таква влада.

Тоа е 13-та словенечка влада од стекнувањето на државната независност и една од најбрзо формираните по парламентарните избори одржани на 24 април годинава.

Заедно со министрите од партијата Движење за слобода на Голоб, која освои најмногу гласови на изборите, имаше и министри од две коалициски партии, Социјалдемократите и Левица.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Бајден најави нова воена помош од 700 милиони долари за Украина

Следно

Чилиќ во полуфиналето на „Ролан Гарос,“ го елиминираше и Рубљов

Latest from Blog

ВМРО-ДПМНЕ: Каков дебакл – во истиот ден кога Каевски се фалеше дека го заштитиле идентитетот, демантот стигна од Бугарија, Македонија прифатила дека Самоил е бугарски цар, а Климент и Наум твореле во бугарска држава

Кој го намести младиот олигарх Дарко Каевски поразот да го прославува како победа, во истиот ден

MacedonianEnglishAlbanian