Официјално: Погба летово ќе се раздели со Манчестер јунајтед

1 min read

Клубот од „Олд Трафорд“ соопштува дека дека Пол Погба ќе го напушти Манчестер јунајтед на крајот на јуни, по истекот на неговиот договор.

Договорот на Погба истекува на 30 јуни, долго време се зборуваше дека не е задоволен и дека сака да си замине, а сега стигна и потврда.

Веќе еднаш си замина од Јунајтед, летото 2012 година, кога како слободен играч се пресели во Јувентус и се чини дека по истиот пат ќе тргне и сега.

Се поврзуваше и со трансфер во францускиот шампион ПСЖ, но според најавите „Старата дама“ е поконкретна и наскоро се очекуваат повеќе информации околу можниот договор со италијанскиот гигант.

Во својата кариера Погба со Јунајтед го освои Лига купот на Англија во 2016/2017, а истата сезона се закити со трофејот во Лига Европа. Во второто по квалитет европско клупско натпреварување беше финалист минатата година.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Трагедија ја потресе Бугарија: Мајка со нож ја убила 8-годишната ќерка

Следно

ФОТО+ВИДЕО | Во Виетнам отворен стаклен мост долг 632 метра

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian