Неинвазивната липосукција е совршен начин за слабеење и корекции на телото

4 mins read

Оваа програма на исхрана нема никаква врска со операцијата липосукција, освен што има заедничка цел – брзо да ги стопи мастите во организмот. Затоа е и наречена неинвазивна липосукција

Липосукциската исхрана е посебна исхрана што се темели на консумирање природни масти и елиминација на јаглени хидрати. Го поддржува враќањето на исхраната на нашите предци и избегнување конзервирани, полуготови и рафинирани производи. За време на протоколот се консумираат и додатоци на аминокиселини, кои го стимулираат распаѓањето на мастите во организмот.

Липосукциската исхрана и аминокиселините

Нутриционистот Кенан Мандра, автор на липосукциската исхрана, смета дека шеќерот е најголем проблем на денешната исхрана, па затоа липосукциската исхрана се темели на внесување масти и протеини, поддржани со аминокиселини преку суплементи, а исклучување/намалување на јаглехидратите. На тој начин се поттикнува разложувањето на мастите во телото, односно метаболизмот ги користи сопствените резерви на масти како извор на енергија. Аминокиселините кои се внесуваат преку додатоци, дејствуваат како активатори на ензимите на липаза кои го активираат процесот на распаѓање на мастите. А со оглед на тоа дека гладот е психолошки проблем, многу е важен индивидуален нутриционистички пристап кон секој што сака да започне со липосукциска исхрана.

Кои се предностите на липосукциската исхрана?

Липосукциската исхрана:
– не е рестриктивна,
– не е опасна по здравјето,
– не дава јо-јо ефект, односно намалените килограми не се враќаат,
– првите резултати се видливи по 24 часа,
– не предизвикува чувство на глад,
– диетното мени е разновидно и воопшто не е здодевно,
– не треба да се мачите со броење калории,
– липосукциската исхрана е нов начин на живот, а не еднократен третман.

Што смееме да јадеме кога сме на липосукциска исхрана?

Протоколот на липосукциска исхрана вклучува консумирање здрави масти и протеини, а ги исклучува јаглехидратите и шеќерите. Сите оброци детално се планирани од тимот нутриционисти и се целосно адаптирани на потребите на поединецот. На пример, за појадок можат да се јадат и домашни кекси со цимет, смути напивки, омлет со кашкавал, туна, пилешка салата или плескавици од тиквички. За ручек –пилешки плескавици, крем-супа од печурки, полнети шницли, риба, свежи салати, додека, пак, вечерата е главен оброк кога може да се консумира и бифтек, пилешки крилца, пилешки батак, морски плодови, односно изворна храна богата со протеини. Добрата вест за оние што не можат да се откажат од слатки е во тоа што се дозволени десерти базирани на овошје, поточно на природни шеќери што не се претвораат во масти.

Потврди за успешноста

Сè повеќе потврди од еминентни лекари и научни истражувања пристигнуваат во полза на примената на липосукциската исхрана како успешен и брз процес на слабеење. Прочуениот руски кардиохирург Лео Бокерија неодамна ја потврди теоријата на липосукциската исхрана дека вечерата треба да биде централен оброк. Истото го потврдија и најновите истражувања направени на Универзитетот „Корнел“. Научникот Дејвид Левитски откри дека луѓето што го прескокнувале појадокот, за неколку недели значително ја намалиле телесната тежина.

Како да започнете со липосукциска исхрана?

Нутриционистите од претставништвото на „Интернешнал хелт“ Македонија, стручно ќе ве воведат во протоколот, но и понатаму ќе ве водат сè додека ја постигнете посакуваната цел. Закажете бесплатен совет и консултација во „Липо диет“ центарот (на улица „Димитрие Чуповски“ број 22, спроти поранешен „Мекдоналдс“) или јавете се на телефоните 02 3151714, 070 535033. Протоколот за слабеење може да го нарачате и на домашна адреса.

 

 

*Комерцијална објава.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Брегу: Прв пат по осум години поддршката на Западен Балкан за членство во ЕУ опаѓа

Следно

ФОТО: Зејтинот достигна рекордна цена од 163 денари

Latest from Blog

ВМРО-ДПМНЕ: Каков дебакл – во истиот ден кога Каевски се фалеше дека го заштитиле идентитетот, демантот стигна од Бугарија, Македонија прифатила дека Самоил е бугарски цар, а Климент и Наум твореле во бугарска држава

Кој го намести младиот олигарх Дарко Каевски поразот да го прославува како победа, во истиот ден

MacedonianEnglishAlbanian