Најдобрите ученици од Бутел добија парични награди од градоначалникот

1 min read

Денес Општина Бутел додели парични ваучери на најдобрите ученици од општинските основни училишта.

 Беа доделени парични ваучери во вредност од 12.000 денари и 10.000 денари на најдобрите ученици.

-На 11 првенци на генерација во три наставни јазици македонски, албански и турски им беа доделени парични ваучери во вредност од 12.000 денари.  На основците од 8, 7, 6 и 5 одделение во трите наставни јазици им беа доделени парични ваучери во вредност од 10.000 денари, информираше градоначалникот на Бутел Дарко Костовски кој порача дека максимално се вложува во образованието. 

-Учениците се наша гордост, наша должност е да го почитуваме нивниот труд, порача тој. 

skopjeinfo.mk

Претходно

Канада ќе им дозволи на возрасните да поседуваат кокаин, метамфетамин или екстази – канадската министерка тврди: „Ова го правиме за да спасиме животи“

Следно

Стефанов: Бугарија е 100% фаворит, зошто да се плашиме од Македонците, кои се тие?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian