Лавров: Соработката меѓу Русија и Кина добива стратешки карактер

1 min read

Соработката на Москва и Пекинг доби „стратешки карактер“, со отворањето на новите можности што произлегоа од „хибридната војна на Западот против Русија“, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

„Русија и Кина систематски ги спроведуваат сите одобрени програми на соработка. Енергетското партерство доби стратешки карактер. Се реализираат големи проекти од областа на индустријата, земјоделството и транспортот“, рече Лавров во обраќањето пред учесниците на 7 Меѓународна конференција „Русија и Кина: Соработка во новата ера“.

Тој наведе дека „хибридната војна што Запад колективно ја покрена против Русија отвара нови можности за проширување на соработката меѓу Москва и Пекинг“.

„Познато е дека зборот ’криза’ на кинески е комбинација на два карактери – ’опасност’ и ’можност’. Сигурен сум дека хибридната војна што ја покрена Запад против Русија отвара нови можности за проширување на конкретната руско-кинеска соработка, вклучувајќи инвестиции и финансии“, нагласи шефот на руската дипломатија.

Лавров уште порача дека Русија и Кина планираат да развијат независна финансиска инфраструктура, преку значајно зголемување на употребата на рубљата и јуанот во меѓусебните деловни активности.

kurir.mk

Претходно

ВИДЕО | Петрушевски: Опозицијата нема да поддржува закони кои не се наменети за граѓаните

Следно

Деца од градинката „11 Октомври“ од Бутел посетија изложба во резиденцијата на ЕУ

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian