Ковачевски – Гелштад: Унапредување на соработката со Норвешка и поддршка за евроинтеграциите

1 min read

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски се сретна со норвешкиот амбасадор во земјава, Јон Еуген Гелштад, на која разговараа за унапредување на соработката со Норвешка во областа на економијата, правосудството, одбраната – како држави партнери во НАТО.

Како што соопшти владината прес-служба, на средбата е констатирано дека пред светот и Европа се големи предизвици на планот на енергетиката и во прехранбениот сектор, поради војната во Украина.

-На средбата е изразена поддршка за напредок на нашата држава во евроинтеграцискиот процес, како прашање од геостратешка важност за регионот и за Европа. Премиерот Ковачевски соопшти дека тој и Владата се целосно посветени на поддршка на животниот стандард на граѓаните во државава и на развојна економија, дека земјата е определена кон негување на добрососедските односи исклучиво на база на принципиелност и на европските вредности, а дека надворешната политика поставена стопроцентно на линија на политиките на НАТО и на ЕУ, информира прес-службата на Владата.

Премиерот Ковачевски му се заблагодари на амбасадорот Гелштад за искреното пријателство со Норвешка, како држава којашто го поддржа членството на Северна Македонија во НАТО и преку донации помага во реформските процеси во клучни области како што се правосудството, животната средина и одбраната.

-Оцени дека е време да се унапредат трговските односи помеѓу двете земји. Соопштено е дека во Северна Македонија се гледаат потенцијали за инвестирање, при што е разговарано за можните области и начини на соработка, се наведува во соопштението.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Поранешната принцеза на Катар пронајдена мртва: Го обвини поранешниот сопруг дека сексуално ја злоставувал нивната ќерка

Следно

Папата Франциск: Не ја користете пченицата како воено оружје

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian