Германец пливал по цел Дунав, но се откажал во Белград – имало многу фекалии

2 mins read

Германскиот хемичар Андреас Фат и тим научници од Виена се впуштиле во авантура во проектот „Исчисти го Дунав“, а тој пливал по целото течение на реката, за да земе примероци од вода и да ги анализира за присуство на микропластика и адитиви, супстанци кои можат да бидат многу опасни за живиот свет.

Фат допливал до Белград, но таму се откажал, бидејќи реката е премногу загадена и тој се плашел дека тоа може да влијае на неговиот имунолошки систем, објаснува Јута Нојман од неговиот тим, според пишува Н1.” rel=”noopener” target=”_blank”>Н1.

Во Белград живеат околу 1,7 милиони луѓе. Нивните отпадни води не се подложени на никаков третман во погоните за преработка, туку се влеваат директно во реките. Изметот навлегува во водата. Поради количината на бактерии кои се влеваат, голем предизвик е да се плива во реката околу градот.

„Контактот со водата од Дунав може да биде инфекција со ешерихија коли“, изјави Нојман за Телеграф.

Тој додава дека Фат затоа решил да го помине Дунав преку Белград со бродот со кој се превезувале научниците кои го придружувале во експедицијата.

За сите оние кои пливаат во Дунав, делумно низ Белград, Фат советува: „Обидете се да не голтате вода. Доколку имате слаб имунитет, не пливајте во тој дел од реката. Водата во Дунав е нечиста во белградскиот регион, според нашите мерења“.

Професорот Андрес Фат / фото: Јутјуб/принтскрин

„Концентрацијата на кислород во Дунав во Белград е помала отколку во регионите што веќе ги поминавме“, рече Нојман, додавајќи дека ќе објави целосни хемиски анализи кога ќе ја завршат експедицијата.

Студијата на австриските научници од 2019 година покажа дека реката Дунав е загадена со измет долж нејзиниот тек низ Србија, Романија и Бугарија. Ситуацијата е особено критична во Нови Сад и во Белград, каде присуството на бактеријата ешерихија коли е исклучително високо, покажаа микробиолошките истражувања.

Во Белград има дури 100 директни истеци на отпадни води, од кои годишно во реките се излеваат количество фекалии колку 60.000 олимписки базени, изјави заменик-градоначалникот на Белград, Горан Весиќ.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Европскиот шампион на колена, Аргентина ја понижи Италија на „Вембли“

Следно

Скандинавското дерби му припадна на Каспер Руд за полуфинале на „Ролан Гарос“

Latest from Blog

Д-р Петличковски за кичевчанецот суспектен на мајмунски сипаници: Немаме законска можност да го присилиме да се тестира, очекуваме да му проработи совеста

Здравствените власти мака мачат да обезбедат примерок за тестирање од првиот суспектен случај на мајмунски сипаници

MacedonianEnglishAlbanian