Генчовска: Прашањето за Северна Македонија не може да се реши до крајот на француското претседавање со ЕУ

1 min read

Прашањето за Република Северна Македонија не може да се реши до крајот на француското претседателство со Советот на ЕУ, изјави денеска шефицата на бугарската дипломатија Теодора Генчовска пред состанокот на Комисијата за надворешна политика на Собранието на Бугарија.

Таа нагласи по минатонеделната средба по лидерите на владината коалиција од Кабинетот на премиерот Кирил Петков посочиле дека „се потпираат“ на Министерството за надворешни работи, меѓутоа, според неа, „тимови на премиерот продолжуваат да го саботираат процесот на различни начини“.

„Тие водат разговори со нашите партнери од ЕУ, ние се обидуваме овие разговори да ги водиме на чисто професионален начин, но од маргините дознавме дека и советници на премиерот водат паралелни разговори“, рече шефицата на бугарската дипломатијата.

На прашањето дали Петков би можел „да го прескокне“ Министерството за надворешни работи во врска со прашањето за Северна Македонија, Генчовска одговори дека „нема шанси“ тоа да биде заобиколено.

На прашањето дали бугарското МНР треба да подготви извештај за напредокот во односите меѓу двете земји, Генчовска рече дека тоа може да се случи доколку се одржи Консултативниот совет за национална безбедност, што треба да го закаже претседателот на Бугарија и тој да побара таков извештај од Министерството.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ароматичен десерт од рацете на Стефанија Несторовска: Колач со вишни

Следно

Арсовска – Брот: Размената на добри практики и знаења меѓу европските градови се важни за локалниот развој

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian