Пејачката Тамара Тодевска денес го слави својот 37-ми роденден, па за истиот беше препралавена со честитки од бројните пријатели, обожаватели и соработници на „Инстаграм“. Тие ѝ посакаа искрени желби споделувајќи заеднички фотографии со една од нашите најсветли ѕвезди.

Во низата на убави посвети се најде и видео од нејзината сестра Тијана од едно гостување на телевизија во кое ја изведува познатата песна од „Бајага и Инструктори“ – Tamara, со кое ѝ запеа серенада на својата помала сестра.
Тамара честопати знае да ги израдува своите обожаватели и пријатели споделувајќи моменти од приватниот живот и бидејќи е особено активна на социјалната мрежа „Инстаграм“, таа сподели фотографија со нејзините дечиња Хана и Дарен и посебна торта.
– 37. Викаат дека годините се само бројка… Да ви кажам искрено, поубаво не сум се чувствувала никогаш. Живели дечки!, напиша Тамара во описот на фотографијата.
Целосно се согласуваме со Тамара! Годините се сè, освен реалност. Среќен роденден!