Двајца станаа едно: Васил Гарванлиев сподели фотографии со избраникот

1 min read

Македонскиот пејач Васил Гарванлиев пред месец дена се вери во Америка, а денес на првиот ден на месецот на гордоста (Pride month) сподели фотографии во кои изгледа дека стапил во брак.

Тој сподели албум со фотографии во чиј опис напиша: „TBO (wo ecome ne) 💍♥️🏳️‍🌈, Happy Pride Month. Stay true to you and always follow your dreams“.

„Двајца станаа едно. Љубовта победува. Среќен месец на гордоста. Останете верни на себе и следете ги соништата“.

Пејачот исто така сподели интересна фотографија на која држи кутија за накит, во периодот на веридбата која во тоа време ја опиша како бајка.

„Те сакам. Небото е полно со ѕвезди, а јас гледам само една“, стои во описот.

Фото: Facebook, Васил Гарванлиев

„Вон ѕидовите”: Васил Гарванлиев, Туна, Фифи и Зоки Бејбе со добра музика ја поддржаа Парадата на гордоста

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Разговор со Иво Сандев: Имам околу 80 освоени медали, таеквондото за мене е многу повеќе од спорт

Следно

Најдобрата антикризна мерка се предвремени избори, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian