Марин Чилиќ се пласираше во полуфиналето на грен слем турнирот „Ролан Гарос“ со победата над Андреј Рубљов во пет сета.
После триумфот над вториот светски рекет Данил Медведев, Хрватот успеа да елиминира уште еден руски тенисер за четири часа и 15 минути игра со 5:7, 6:3, 6:4, 3:6 и 7:6.
Чилиќ спаси „брејк“ топка во седмиот и деветтиот гем од првиот сет, а попушти во 11 гем кога Рубљов дојде до „брејк“ и го освои првиот сет во следниот гем.
Во вториот сет Чилиќ ја доби „брејк“ предноста уште на стартот, спаси „брејк“ топка во шестиот гем и петтата сет топка ја претвори во израмнување на 1:1 во сетови.
Еден „брејк“ го реши и третиот сет, а го направи Хрватот. Рубљев со една одбранета сет топка најави дека нема да се предаде, а тоа го потврди и со освојувањето на четвртиот сет. Повторно реши само еден „брејк“ во доцната фаза од сетот, а Чилиќ одбрани два сет топки пред мечот да влезе во петтиот сет.
Хрватскиот тенисер имаше „брејк“ и меч топка во 10 гем, но Рубљов не се предаваше така лесно.
На крајот сè беше решено со тај-брејк, а пласманот во полуфиналето доминантно го потврди Чилиќ кој за влез во финалето на Отвореното првенство во Франција ќе игра со победникот од мечот Каспер Руд – Холгер Руне.