Бугарија доби американски ловци „Ф-35″

1 min read

Американски ловци „Ф-35″ слетаа во воздухопловната база „Граф Игнатиево” во Бугарија како продолжение на мисијата на НАТО за заштита на воздушниот простор, јави БНР.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, веста на Твитер ја потврди Сојузна воздушна команда на НАТО.

Во пораката не се наведува бројот на авиони. Кон крајот на мај требаше да заврши мисијата на четирите холандски „Ф-35″ во Бугарија. Сепак, во соопштението се нагласува дека американските ловци се приклучиле на холандската мисија во Бугарија.

Бугарскиот министер за одбрана, Драгомир Заков, кажа дека има многу процедури кои овозможуваат прекугранично користење на „Air Policing”, така што ќе има многу опции и Бугарија ќе продолжи да биде поддржувана.

-Таа нема да биде оставена, рече министерот за одбрана.

Во соопштението на командата со седиште во Рамштајн, во Германија, се наведува дека распоредувањето на американските „Ф-35″ во Бугарија значи извршување на мисија со долг дострел во Бугарија, како поддршка на будните активности на НАТО на источното крило.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ЈП Градски паркинг од денеска со летно работно време

Следно

Разговор со Филип Талески: Мило ми е што репрезентацијата и Вардар добија сигурност во мене

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian