Во текот на вчерашниот ден и денеска по полноќ МВР апсеше за марихуана на повеќе локации во Скопје.
-На 01.06.2022 во 00.00 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Х.Д.(25) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
-На 31.05.2022 во 22.50 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода К.Ѓ.(35) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
-На 31.05.2022 во 22.30 часот на подрачјето на Чаир, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода А.Б.(28) и А.Р.(25), двајцата од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана
-На 01.06.2022 во 00.30 часот на подрачјето на Чаир, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.С.(18) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
-На 31.05.2022 во 10.50 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
-По целосно документирање на сите случаи ќе следува соодветен поднесок против сторителите.