„За Скопје со љубов“ – дефиле низ Скопје на Црвениот Црст

1 min read

Дефиле на хуманоста, со мото „За Скопје со љубов“, ќе организира денеска попладне Црвен крст на град Скопје, со што ќе одбележи 77 години од основањето.

Дефилето ќе помине по улиците „Кочо Рацин“ и „11 Октомври“ до плоштадот „Македонија“, каде што ќе има штандови и касичка за донации за Клиниката за хирургија – Ургентно одделение за набавка на наменска количка/плакар за чување и транспорт на лекови.

На дефилето ќе учествуваат повеќе од 850 лица – вработени и волонтери на Црвен крст на град Скопје и на петте општински организации, корисници на услуги на Црвениот крст и негови соработници. Ќе бидат предводени од градскиот оркестар, а ќе учествуваат и возила на Црвен крст, панорамскиот автобус на ЈСП и мотоцикли од мотоклубот „Потфат МК“.

Црвениот крст на град Скопје (ЦКГС) е основан во 1945 година. Дел е од Црвениот крст на Република Северна Македонија и со тоа  дел од Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина. Ги координира општинските организации на Црвен крст на територијата на Скопје. 

skopjeinfo.mk

Претходно

Пронајдени сите 22 тела од авионската несреќа во Непал

Следно

Дендиас во посета на Босна и Херцеговина

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian