ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Попладне очекувајте краткотраен пороен дожд

2 mins read

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и ТОПЛО со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Во попладневните часови ќе има изолиран развој на нестабилна облачност, проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи, засилен ветер а има услови и за ретка појава на град. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 33 степени, вели Славчо Попоски во временската прогноза за Утрински брифинг.

временска прогноза, славчо попоски
Временска прогноза на Славчо Попоски / Утрински брифинг

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и ТОПЛО со мала до умерена локална облачност, а ќе дува и слаб до умерен ветер од променлив правец. Во попладневните часови во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе се искачи до околу 30 степени.

Потоа во следните денови времето во Македонија ќе се задржи претежно стабилно, суво и сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Сепак во попладневните часови не се исклучува можноста за изолирана и краткотрајна појава на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Што се однесува до температурите, тие и тоа поради влијанието на МНОГУ ТОПЛАТА воздушна маса од Африка ќе бидат МНОГУ ВИСОКИ, и ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 35 степени, додека во најтоплите предели истите се очекува да надминат 35 степени. УВ – ИНДЕКСОТ ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност и ќе изнесува коефициент некаде околу 10, па затоа на граѓаните ги советуваме да се заштитат од лошото влијание на сонцето во текот на следните денови и да пијат што повеќе течности.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Дневен хороскоп за 31 мај: Внимавајте со какви луѓе ќе договарате зделки

Следно

Пронајдени сите 22 тела од авионската несреќа во Непал

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian