Волково од септември добива нова градинка

1 min read

Во завршна фаза влегуваат градежните активности на градинката во Волково. Според динамиката на изведба, истите треба да бидат финиширани во јуни, информираше денеска градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски кој заедно со Ана Бјерде, потпретседател на Светска банка за Европа и Централна Азија, висока делегација од Светска банка и министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска извршија увид во објектот со интенција да биде пуштен во употреба во септември.

-Во разговор со министерката, добив ветување за брза реализација на согласностите за вработување за градинката во Волково, но и за објектот „Детелинка“ во У.З. Мирче Ацев кој е подготвен да прими околу 100-тина нови дечиња, информираше Стојкоски. 

Тој порача дека пуштање во употреба на нови капацитети е еден од начините за намалување на листите на чекање при упис на деца во градинките.

-Свесни сме за проблемот, но работиме со забрзано темпо кон подобрување на условите за дечињата во просториите за предучилишна возраст, дециден е градоначалникот. 

skopjeinfo.mk

Претходно

СЗО: Пандемијата на мајмунски сипаници е малку веројатна, ова не е Ковид-19

Следно

Србија ќе добие нова Влада до крајот на јули, најави српскиот претседател Вучиќ

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian