Екипата на Видад Казабланка триумфира во африканската Лига на шампион откако во финалето со 2:0 го совлада Ал Ахли од Каиро.
Херој на финалето беше двојниот стрелец Зохеир ел Мутаражи кој постигна спектакуларен гол во 15 минута. Ел Мутаражи со вистинска бомба успеа да го совлада голманот на Ал Ахли, Мохамед ел Шенави.
Конечниот резултат го постави, Ел Мутаражи со својот втор гол во 48 минута.
Видад Казабланка по трет пат стана шампион на Африка, а рекордер со десет титули е финалистот Ал Ахли.