ВИДЕО | Се разведов и заминав на терапија: Џенифер Анистон проговори за болниот развод со Бред Пит

2 mins read

Во последната емисија на Елен Деџенерис, која по 19 години го завршува емитувањето на своето ток-шоу, гостуваше актерката Џенифер Анистон, која се присети на еден од најболните периоди од нејзиниот живот. Тоа беше кобната 2005 година кога нејзиниот живот се преврте наопаку.

Фото: Профимедиа

Џенифер Анистон гостуваше во емисијата на неповторливата Елен Деџенерис, која ги разочара гледачите ширум светот со одлуката да го згасне своето популарно ток-шоу по цели 19 години. Крај на една ера, пишуваат светските медиуми.

Во центарот на вниманието овој пат беше ѕвездата на „Пријатели“ која целосно си ја отвори душата и се потсети на еден од најлошите периоди од нејзиниот живот, кога се разведе со актерот Бред Пит. Истовремено, таа го завршуваше снимањето на својата десетгодишна авантура со „Пријатели“ и се најде на раскрсницата на животот целосно уништена.

„Значи, се разведов и отидов на терапија“, започнала Анистон, секогаш весела и насмеана, па додала: „А, тогаш добив можност да глумам во филмот „Раскинување“. Некако бев на работ, но потоа си реков дека ќе сè ќе свртам во моја корист. Ова нека биде ново поглавје во мојот живот. Свртев нова страница, ги завршив старите работи и одеднаш сè функционираше одлично.“

Денес, 53-годишната актерка е исполнета и среќна, една од најбараните во Холивуд, опкружена со блиски пријатели кои ги запознала во текот на нејзината долга кариера. Веќе има одличен однос и со поранешниот сопруг Бред Пит.

Да потсетиме, Пит и Анистон поднесоа барање за развод во јануари 2005 година за да го финализираат во октомври истата година. Актерот истовремено имаше врска со колешката Анџелина Џоли, која ја запозна на снимањето на „Господин и г-ѓа Смит“.

Instagram
Фото: Инстаграм

ВИДЕО | Финале: Последната гостинка на Елен Деџенерис ѝ гостувала во првата епизода

ФОТО+ВИДЕО | Роденденски „жежок“ бакнеж за честитање: Џенифер Анистон знае како да ја изненади Елен Деџенерис

Џенифер Анистон искрено прозборе за проблемот со кој се бори со години

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Анкета: За шест од десет Грци поскапувањето ќе влијае врз изборот на партија за која би гласале

Следно

ВИДЕО | Петков: Дипломатите преговараат, одлуката на крај ќе ја донесе Собранието на Бугарија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian