ВИДЕО | Принцот Вилијам во центар на скандал: Јавал дрогиран коњ

2 mins read

Луѓето од организацијата за заштита на животните ПЕТА забележале нешто сомнително во текот на пробата на роденденската парада на кралицата. Тие рекле дека коњот на принцот Вилијам морал да ја спушти главата во текот на пробата на парадата бидејќи бил повреден. Воените ветерани, пак, тврдат дека коњот изгледал „дрогиран“, дека бил допингуван за да биде попослушен, нарекувајќи го тоа „срамота“, пишува „Дејли мејл“.

Војводата од Кембриџ јавал на кралскиот коњ по име Џорџ, кој цело време одел со наведната глава.

Потпретседателката на ПЕТА Елиса Ален рекла: „Понекогаш коњите ги спуштаaт главите или чудно се движат кога имаат воспаленија или се повредени“.

Меѓутоа, и покрај тврдењата на ПЕТА, сè уште ништо во врска со состојбата на коњот не е сигурно.

„Бидејќи коњите, вклучително и оние што се користат за трки, се силни и лесно се плашат од бучава и неочекуван метеж, што може да доведе до тоа да побегнат, познато е дека ракувачите им даваат седативи на животните пред јавните изложби, што е и сигурен знак дека воопшто не треба да се изложуваат на големи паради“, додала Елиса Ален.

Таа заклучила и дека коњите воопшто не треба да бидат изложени на таков ризик.

„Токму како што деновите на користење на коњите за војна се завршени, така би требало да има и денови на ставање на овие големи, често нервозни животни во ситуации што може да ги исплашат, доведувајќи ги на тој начин себеси, јавачот и јавноста на ризик од повреда“.

Две лица морале итно да бидат пренесени во болница за трауматологија, а на тројца им била потребна медицинска помош откако се срушил штандот за време на пробата на парадата.

Да потсетиме, на роденденот на кралицата Елизабета Втора на 2 јуни, трупите на нејзината Домашна дивизија маршираат и јаваат на Парадата на коњската гарда, а таа обично присуствува и поздравува.

Принцот Вилијам ја држи иднината на кралското семејство во свои раце

ФОТО | Велика Британија му оддаде почит на принцот Вилијам за неговиот 40-ти роденден

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Видад Казабланка со голчиште на Ел Мутаражи стана афикански шампион

Следно

Утре продолжува изборот на уставни судии откако за блокадата заседаваше Кацарска со државниот врв

Latest from Blog

Македонската наука со индигнација ги отфрла препораките на „Комисијата за ревизија на македонската историја“, како псевдонаучни, ништовни и нерелевантни!

Таканаречените “Препораки за заедничко одбележување на историски личности“ на “Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и

MacedonianEnglishAlbanian