ВИДЕО | Петков: Дипломатите преговараат, одлуката на крај ќе ја донесе Собранието на Бугарија

1 min read

Бугарскиот премиер Кирил Петков денеска одговори на наводите во бугарските медиуми дека тој и претседателот Румен Радев во Франција ќе разговараат за суштината на предлогот за укинување на ветото за членство во ЕУ на Северна Македонија.

Петков вели дека во моментов знае дека се работи многу на ниво на МНР за да се утврди какви се сите можности за напредок на темата Северна Македонија. Според него, не може да се потврди ништо во однос на чекорите. Но она што го потврдува е дека ќе се избегнат секакви злоупотреби, пред што и да се направи, независно што ќе се договорат дипломатите и дека се ќе оди низ Собранието и Собранието е последната инстанца и нема да има ништо тајно или скриено пред бугарскиот народ, додаде Петков.

„Не можам да потврдам поединечни покани за да видиме до каде ќе стигнеме. Знам дека се работи многу. Тоа навистина е во рацете на дипломатите“, вели Петков.

Според него, што ќе се случи со РС Македонија зависи многу и од Европа, односно до кој степен би ги прифатила како услови кои се важни за Бугарија.

„Затоа велам дека сега е кај диломатите, потоа следат политичарите и на крај Собранието кое треба да ја донесе тешката одлука“, смета Петков.

Петков и Радев одат кај Макрон: Франција сака повлекување на бугарското вето за РС Македонија

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Се разведов и заминав на терапија: Џенифер Анистон проговори за болниот развод со Бред Пит

Следно

Двајца руски војници осудени на затвор во Украина за воени злосторства

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian