ВИДЕО: Невреме беснее во Струмица, во Муртино гром запали куќа

1 min read

Жестоко невреме со грмотевици и силен дожд вечерва ја зафати Струмица и регионот. Дождот поплави дел од улиците низ градот, а обилните врнежите во некои делови од областа не стивнуваат речиси два часа, јавуваат локалните медиуми.

На снимките на социјалните мрежи може да се види жестината на невремето.

Според Телма, гром удрил во куќа во селото Муртино нешто пред 21 часот, по што се запалила покривната конструкција, а по интервенција на пожарникарите е изгасната. Нема повредени, информираа од ТППЕ Струмица, од каде интервенирале со едно противпожарно возило и петмина пожарникари по силното невреме кое го зафати Струмичко вечерва во 19:30 часот.

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, вечерва објави дека по второто невреме, било зголемено нивото на вода за околу 25 сантиметри само на дел од улицата „Младинска“, која е една од пониските коти во градот.

– Не можеме денес да го решиме проблемот со нивелацијата, но најитно се заложувам со изработка на проект за реконструкција на улицата и трајно решавање на овој проблем. Дополнително ќе започнеме со дронско снимање на одводните канали, за јавно да ги објавиме сите објекти кои се изградени врз одводните канали, а кои предизвикуваат потешкотии во одводнувањето при такви обилни врнежи од дожд, напиша Костадинов на Фејсбук.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Посакувала темен тен по секоја цена, но претерала и се уништила: Ја сончала и ќерката па за малку ќе ја загубела

Следно

Томас-Гринфилд: САД на Украина ќе и испратат само одбранбено оружје

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian