ВИДЕО: Навивач на Реал ограбен додека давал изјава пред ТВ камери

1 min read

Фудбалерите на Реал Мадрид изминатата сабота по 14 пат станаа европски шампиони откако на стадионот „Франција“ со 1:0 го совлада Ливерпул, но еден навивач на „кралевите“ нема многу причини за радост бидејќи беше ограбен пред ТВ камерите.

Имено, пред натпреварот еден постар навивач на Реал Мадрид додека давал изјава за телевизијата Телемадрид, зад грб му се приближил човек кој го искористил моментот на невнимание и го украл мобилниот телефон на навивачот.

Финалниот натпревар во ЛШ што е играше во Париз доцнеше дури 36 минути поради слабата организација на француските власти како и поради навивачите на Ливерпул кои без билети успеаја да влезат на трибините.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Чавушоглу: Украинските мини го блокираат пловењето по Црно Море

Следно

Фит баба (64) објави фотка во бикини и потврди дека никогаш нема да биде престара за тоа

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian