ВИДЕО: Македонските фудбалери отпатуваа за Разград, одиме на победа против Бугарија

1 min read

Македонската А репрезентација е подготвена за почетокот на новото издание на Лига на нации и воведниот натпревар против Бугарија на 2 јуни.

Нашите најдобри фудбалери отпатуваа за Варна, а потоа со автобус за Разград каде што в четврток ќе се игра мечот со почеток од 18.00 часот.

Во Лигата „Ц“, поточно во групата „Ц4“ каде што играат Македонија и Бугарија, се и репрезентациите на Грузија и Гибралтар.

На 5 јуни ќе му гостуваме на Гибралтар, на 9 јуни ќе ја пречекаме Грузија, а три дена подоцна во Скопје доаѓа Гибралтар.

Македонија и Бугарија никогаш не се сретнале во официјален натпревар, сите досегашни меѓусебни средби биле пријателски:

12 април 1995 година Македонија – Бугарија 0:0
28 мај 1996 година Бугарија – Македонија 3:0
25 март 1998 година Македонија – Бугарија 1:0
15 август 2001 година Бугарија – Македонија 1:0
1 март 2006 година Македонија – Бугарија 0:1
14 август 2013 година Македонија – Бугарија 2:0
29 март 2016 година Македонија – Бугарија 0:2

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Герасимовски: Досега се пријавени 67 корисници на проектот „Центар се грижи за возрасните“, има простор за уште 23

Следно

Евтино, сласно, а готово за миг: Највкусно јадење со млади компирчиња

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian