ВИДЕО+ФОТО | Во Египет откриени над 150 древни статуи и 250 саркофази

1 min read

Големо количество антички бронзени статуи и добро сочувани саркофази откриени во египетската Сакара, беа претставени на јавноста во понеделникот, соопшти египетското Министерство за туризам и антиквитети.

Археолозите открија реликвии кои припаѓаат на египетските династии закопани во некрополата Сакара во минатото, но најновото откритие го означува првото и најголемото ископување на бронзени статуи во таа област од доцниот период или 5 век пред новата ера.

Фото: ЕПА-ЕФЕ

Откриени се 150 статуи кои се направени по примерот на фараонските богови. Статуите се откриени во текот на египетската археолошка мисија, која од 2018 година прави ископувања 28 километри јужно од Каиро.

Во соопштението се наведува и дека археолозите пронашле бронзени садови за кои се верува дека биле користени во ритуали поврзани со египетската божица на плодноста Изида.

Мисијата открила уште 250 дрвени саркофази во боја со добро сочувани мумии, дрвени статуи, дрвени маски со златна боја и десетици мали фигури на мачки.

Фото: ЕПА-ЕФЕ

Од периодот на Новото кралство, околу 15 век пред новата ера, пронајдено се бронзено огледало, белгзии, ѓердани, обетки и украси за глуждовите, јавува „Си-ен-ен“.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Барди со нов клуб и следната сезона во шпанската „Ла Лига“!?

Следно

Касами: Конечно е изгаснат пожарот во фабриката „Пофикс“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian