„Старата дама“ убедена дека ќе се договори со Погба

1 min read

Челниците на Јувентус се убедени дека се многу блиску до договор со францускиот репрезентативец Пол Погба кој на „Алијанц“ арената во Торино би требало да пристигне како слободен играч.

Договорот на Погба со Манчестер јунајтед истекува на 30 јуни, тој претходно ги одби сите понуди на англискиот тим да потпише нов договор и се одлучи за промена на средината. Освен Јувентус, сериозен интерес за Погба пројавува и ПСЖ, но весникот „Газета дело Спорт“ пишува дека Погба одлучил да се врати во италијанскиот тим.

Пол Погба од 2012 до 2016 година со голем успех настапуваше за Јувентус освојувајќи четири титули во Серија А.

Освен Погба, нов фудбалер на Јувентус треба да биде и Анхел ди Мариа кој исто така треба да пристигне како слободен играч откако му истече договорот со ПСЖ.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ОН: Во Украина убиени повеќе од 4.000 цивили

Следно

ВМРО на Ванчо Михајлов и усташите на Анте Павелиќ (1)

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian