„Слободен печат“: Радев и Петков наскоро во Париз, се готви решение за ветото?

4 mins read

Во печатеното издание на „Слободен печат“ ќе можете да прочитате

 

Хроника

Коалициски совет Бугарските медиуми дознаваат детали за спорот: Радев и Петков наскоро во Париз, се готви решение за ветото?

– Бугарските медиуми пишуваат дека токму Франција ќе биде гаранцијата дека РСМ ќе ги исполни бугарските барања, какви што се внесување на Бугарите во Уставот и, како што велат, справувањето со говорот на омраза, а Бугарија да не го спречува почетокот на преговорите.

 

По состанокот на Добрила Кацарска со државниот врв: Власта ќе избере уставни судии по свој терк?

-Не очекувам дека власта ќе се консултира или ќе се договори со нас за да гласа наш предлог. Очекувам да расправаме за биографиите на кандидатите и да ги гласаме најквалитетните. Колку ќе трае седницата и колку говорници ќе има, ќе видиме, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

По поплавите, тетовци преживеаја уште една траума: Сонцето не се гледаше, воздухот смрдеше на изгорена пластика!

– Пожарот целосно го парализираше животот во градот, а граѓаните, кои сѐ уште се справуваа со последиците од невремето и поплавените дворови и подруми, поголемиот дел од денот го поминаа затворени во своите домови.

 

ДУИ слави годишнина од основањето: Дваесет години власт, привилегии и клиентелизам

– Сметам дека и во иднина оваа партија ќе се перпетуира и одржува на власт не толку поради нејзината популарност, туку поради совршениот механизам на клиентелистичко, непотистичко и коруптивно обезбедување на гласовите – вели Атанасоски за „Слободен печат“.

 

Економија

Ни претстои енергетски неизвесна зима: Новите интерконектори ќе ја намалат зависноста од рускиот гас

– Во завршна фаза е почетокот на изградбата на гасниот интерконектор со Грција, а во преговори сме со Бугарија за изградба на уште еден интерконектор кај Струмица. Во моментов се снабдуваме со гас само од еден гасовод со Бугарија. Со новите интерконектори ќе ја намалиме зависноста на гас од „Гаспром“, велат од Министерството за економија

 

Скопје

На актуелните в.д. директори им изминува шестмесечниот мандат: Арсовска на јавен конкурс бара директори за шест градски претпријатија

– На прашањето до Град Скопје дали всушност огласите се објавуваат само за да се потврди формално изборот на актуелните в. д. директори преку законски испочитувана процедура, од Градот одговараат – не, не значи дека ќе останат истите директори.

 

Свет

По бурни расправи постигнат консензус за шестиот пакет санкции за Москва: ЕУ нема единство да ја напушти целосно нафтената „дружба“ со Русија

– Иако ембаргото не е целосно, за сериозен удар за Москва се смета и „компромисното решение“ за шестиот пакет санкции, со кој за три четвртини ќе биде блокиран увозот на руска нафта, односно за 90 отсто до крајот на оваа година. Конечниот договор Орбан го претстави како победа за неговата земја.

 

Спорт

Фудбалската репрезентација на Македонија утре ги започнува настапите во Лигата на нации: Фудбалерите почнуваат да „живеат“ како фаворити

-Мислам дека Бугарите нè сметаат за фаворити по сето тоа што го направивме, не бегаме од таа улога затоа што со нашите резултати покажуваме дека сме фаворити, вели Александар Трајковски.

 

Мозаик

 

Во Египет откриени повеќе од 150 древни статуи и 250 саркофази, стари 2.500 години

 

Големо количество антички бронзени статуи и добро сочувани саркофази откриени во египетската Сакара, беа претставени на јавноста во понеделникот, соопшти египетското Министерство за туризам и антиквитети.

 

Еспресо

 

Хотел Алкатраз – најпознатите затвори во светот денес се туристички атракции

 

Старите затвори денес доживуваат нов живот како места што привлекуваат сè повеќе љубопитни патници, кои гледаат на ваквиот „туризам“ како на најавтентично стопување во локалната култура.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Синот на Кетрин Зета Џонс и Мајкл Даглас дипломираше

Следно

Навални: Ми се закануваат уште 15 години затвор, можеби Путин потајно ме обожава

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian