Ракометарите и ракометарките ги дознаа противниците на Медитеранските игри

1 min read

Машката и женската ракометната репрезентација на Македонија ги дознаа ривалите за Медитеранските игри што од 25 јуни до 5 јули ќе се одржат во Оран, Алжир. Машката репрезентација на Македонија е дел од групата Б каде ја очекуваат дуели против Шпанија, Турција, Грција и Алжир.

Селекторот Кирил Лазаров подоготовките за настапот на Медитеранските игри ќе ги започне на 13 јуни. Лазаров одлучи на Игрите во Оран да настапи со подмладен состав, најголем дел со играчи од домашното првенство, а најискусни ќе бидат Дејан Манасков и Мартин Томовски.

Женската сениорска репрезентација на Македонија е дел од групата Б заедно со селекциите на Србија, Португалија и Турција.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Дендиас го информира Блинкен за турските провокации и патувањето на Западен Балкан

Следно

Дали Симпсонови ги предвидоа и мајмунските сипаници?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian