Пелистер ќе го предизвика МЗТ во финалето за шампионската титула

1 min read

Во одлучувачкиот трет натпревар од плеј-оф полуфиналето, кошаркарите на Пелистер беа подобри од Еуро Никел 2005 со резултат 91:83.

Битолчани се вторите финалисти, а во борбата за шампионската титула ги чека серија против актуелниот шампион на Македонија, и бранител на трофејот, МЗТ Скопје Аеродром, кој во само два натпревари го елиминираше скопски ТФТ.

За Пелистер во победата против кавадарчани најефикасен беше Игор Кесар со 25 поени, а на спротивната страна Џордан Калахан запиша 22 поени, но имаше и шест загубени топки.

Првиот меч од финалниот плеј-оф ќе се игра на 3 јуни (петок), на теренот на подобро пласираната екипа во регуларниот дел од сезоната, МЗТ.

А новиот шампион ќе биде екипата која прва ќе стигне до три победи во серијата „подобар во пет натпревари“.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Макрон предложи резолуција во ОН за укинување на руската блокада на пристаништето Одеса

Следно

ФОТО | Посакувала темен тен по секоја цена, но претерала и се уништила: Ја сончала и ќерката па за малку ќе ја загубела

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian