Ново истражување: Мачките го препознаваат своето име и името на нивниот сопственик

3 mins read

Познато е дека мачките се многу независни животни, главно си се доволни самите на себеси и се прилично автономни во однос на луѓето со кои живеат. Ако живеете во куќа, вашите мачки секако одат и доаѓаат кога сакаат и, иако сакаат да комуницираат и да се галат со својот сопственик, генерално не очекувајте вашата мачка да страда кога не сте дома.

Сепак, иако не бараат внимание и најчесто се однесуваат како да не се грижат за вас, најновото истражување покажа дека мачките се многу свесни за сè што се случува околу нив. Тие дури ги памтат имињата на нивните сопственици и другите мачки со кои го делат домот. До овој заклучок дошол тим јапонски научници од Универзитетот во Кјото, чие истражување објавено во април во онлајн списанието „Scientific Reports“ покажало дека мачките многу внимателно слушаат што зборуваат нивните сопственици.

мачка вилоу
Фото: Profimedia

Во истажувањето биле вклучени 29 мачки кои живеат во поголеми заедници во т.н. кафулиња за мачки и 19 мачки кои живеат во домаќинства со најмалку две други мачки. Резултатите, според Сахо Такаги која го водела истражувањето се запрепастувачки.

„Луѓето треба да ја знаат вистината: мачките изгледаат како воопшто да не слушаат што зборуваат луѓето, но всушност слушаат!“, вели таа.

unsplash
Мачка / Фото: Unsplash/Milad B Fakurian

Такаги применила многу едноставна методологија за да утврди дали мачките ги препознаваат и ги поврзуваат лицата на луѓето и другите мачки со нивните имиња. Во првиот дел од студијата, на женските мачки им биле покажани фотографии од други мачки, по што следела аудио снимка од името на мачката изговореноод нејзиниот сопственик.

Кога двете не се совпаѓаат, мачките кои живеат во исто домаќинство со други мачки повеќе од шест месеци генерално би биле збунети. Мачките кои живеат во поголемите заедници во кафулињата за мачки не покажале ист тип на реакција – тие реагирале подеднакво и во двата случаи. Во посебен дел од студијата, мачките кои живеат со сопственици реагирале збунето кога им била покажана фотографија на некој член на домаќинството и била пуштена аудио снимка со несоодветното име.

Unsplash
Мачка / Фото: Unsplash/Gaelle Marcel

Научниците веруваат дека ова покажува дека мачките однапред очекувале да слушнат одредено име. Иако сè уште не нашле одговор на прашањето која методологија ја учат мачките, тие се сигурни дека тоа не е методот награда-казнување, бидејќи мачките не го промениле начинот на хранење, но претпоставуваат дека тоа најверојатно се случува преку социјално учење. Живеејќи во иста средина, тие се опкружени со исти луѓе доволно долго за да ги набљудуваат социјалните интеракции помеѓу членовите на семејството.

Иако многу работи не се објаснети целосно оваа студија е вистински тизер за научните истражувања што би можеле да следат – и уште еден доказ за сите љубители на мачки дека се многу посебни за своите мачки.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Бернардо Силва сака трансфер во Барселона

Следно

Брнз: Стратешкиот дијалог меѓу С. Македонија и САД ќе опфати повеќе теми

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian