На атлетскиот Куп на Македонија беше соборен еден рекорд

1 min read

Изминатиот викенд на Националната арена „Тодор Проески“ се одржа атлетскиот Куп на Македонија за сениори и сениорки и на кој беше соборен еден рекорд.

На натпреварувањето учествуваа 155 атлетичари од 24 атлетски клубови во Македонија, а на ревијалните трки за деца учествуваа 132 дечиња од 11 клуба.

Соборен е еден рекорд на фрлање кладиво за млади младинки од страна на Теа Алексовски од АК Куманово, со резултат 25.62 метри кој беше во преходна сопственост на Матеја Ефремовска од истиот клуб, поставен во 2015 година со 22,04 метри.

Гостин на трибините беше директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски, што според Зикова е важно за федерацијата која е препознаена од оваа институција која континуирано ги поддржува и значи ветер во грб за сето она што сакаат да го реализираат од планови како Федерација.

Купот, кој по карактер е Екипно првенство на кое атлетичарите и атлетичарките согласно остварените резултати и исполнетите минимални вредности на резултатот “норми„ собираат бодови за рангирање на клубот.

Конечен пласман во женска конкуренција:
1. место со 608 бодови АК Куманово
2. место со 302 бодови АК Центар
3. место со 254 бодови АК Делта

Конечен пласман во машка конкуренција:
1. место со 657 бодови АК Делта
2. место со 330 бодови АК Охрид
3. место со 307 бодови АК Куманово

Конечен пласман Екипно
1. место со 915 бодови АК Куманово
2. место со 911 бодови АК Делта
3. место со 448 бодови АК Работнички

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Србија ќе добие нова Влада до крајот на јули, најави српскиот претседател Вучиќ

Следно

Рецепт на Дијана Иваноска за кремаста торта со малини: Овошен и многу освежителен десерт совршен за лето

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian