Милан стана шампион и доби нови сопственици

1 min read

Американскиот инвестициски фонд „РедБирд Капитал партнерс“ постигна договор со фондот „Елиот“ за купување на Милан, пишува италијанската новинска агенција АНСА.

Официјално преземање на клубот од страна на „РедБирд Капитал партнерс“ се очекува да биде во наредните денови.

Иако не е објавена сумата за која инвестицискиот фонд „Елиот“ го продава Милан, кој пред десетина дена по пауза од 11 години ја освои титулата во Серија А, „Ил Џорнале“ пишува дека „РедБирд Капитал партнерс“ се согласил да плати 1.3 милијарди евра. Новите сопственици исто така се обврзале дека ќе инвестираат дополнителни 500 милиони евра за изградба на нов стадион.

Претходно интерес за купување на Милан пројави и инвестициски фонд од Бахреин, „Инвесткорп“, но со појавувањето на „РедБирд Капитал парнерс“ се повлече.

„РедБирд Капитал партнерс“ има акции во „Фенвеј спортс груп“ кој е сопственик на Ливерпул и на бејзбол тимот Бостон ред сокс, а поседува акции и во францускиот тим Тулуз.

За Милан нема зима, новите инвеститори се подготвени да ги препородат „росонерите“

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Исчезнаа две малолетни лица во Скопје

Следно

Голем хороскоп за месец јуни: Овните ќе ги пронајдат своите сродни души, Стрелците ги очекува добивка

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian