Манчестер сити не планира да застане на Халанд, најави нови засилувања

1 min read

Англискиот шампион Манчестер сити неодамна го реши прашањето на напаѓач, се договори со Ерлинг Халанд кој треба да биде предводник на екипата во наредната деценија, а исто така го ангажира и Хулијан Алварез од Ривер Плата, но претседателот на „граѓаните“, Калдун ал Мубарака, најави нови засилувања во летниот преоден рок.

Целта на Сити е освојување на титулата во Лигата на шампионите, „граѓаните“ сезонава беа елиминирани во полуфиналето од новиот европски шампион Реал Мадрид.

– Можам да потврдам дека Сити ќе биде активен на трансфер пазарот. Сакаме да ја засилиме екипата на позициите каде сметаме дека е најпотребно. Секоја сезона си заминуваат по неколку фудбалери и мора постојано да ја освежуваме екипата со нови играчи. Мислам дека летово ќе донесеме уште неколку засилувања кои ќе гледаме да ги ангажираме што е можно порано – изјави Ал Мубарак.

Од екипата си заминува Фернандињо, а менаџерот Пеп Гвардиола замената ја гледа во фудбалерот на Лидс, Калвин Филипс.
Ново име во одбраната се очекува да биде Марк Кукуреља кој имаше одлична сезона во Брајтон.

Исто така се очекува, Манчестер сити да купи најмалку двајца фудбалери од средниот ред бидејќи е најавено заминување и на Рахим Стерлинг, Илкај Гундоган и Ријад Марез.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Дендиас во посета на Босна и Херцеговина

Следно

Туморите на хипофизата најчесто се бенигни и асимптоматски

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian