Макрон предложи резолуција во ОН за укинување на руската блокада на пристаништето Одеса

1 min read

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска во Брисел изјави дека на неговиот руски колега Владимир Путин му предложил резолуцијата на ОН за укинување на руската блокада на пристаништето Одеса за да се дозволи извоз на украинските житарици.

-Во разговорот што го имавме со германскиот канцелар Олаф Шолц минатата сабота, му предложив на претседателот Путин да преземеме иницијатива за резолуција на ОН за да се направи јасна рамка за операцијата на извоз на жито, рече Макрон од Европски самит во Брисел.

Русија воведе блокада на украинските пристаништа во Црното Море, особено на пристаништето Одеса, додека украинските власти сакаат да извезат околу 20 милиони тони жито складирано во силосите на земјата.

Макрон додаде дека на Киев му се потребни „легитимни безбедносни гаранции“ и додаде дека ОН може да го обезбедат тоа. (МИА)

kurir.mk

Претходно

ВМРО на Ванчо Михајлов и усташите на Анте Павелиќ (1)

Следно

Пелистер ќе го предизвика МЗТ во финалето за шампионската титула

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian