Градоначалникот на Тетово Биљал Касами денеска ги посети пожарникарите кои беа повредени при интервенцијата на големиот пожар во фабриката „Пофикс“.
Касами објави фотографии од посетата на болницата.
„По успешната работа, не треба да ги заборавиме оние кои се здобија со повреди за време на операцијата. Денеска бев во посета на болница за да ги посетам тројцата пожарникари кои беа повредени при гаснењето на пожарот“, напиша Касами на Фејсбук.