Канадски продуцент исфрлен од црвениот тепих на фестивалот во Кан поради изборот на обувки

3 mins read

Канадскиот продуцент Келвин Редверс бил исфрлен од црвениот тепих во Кан поради носењето на традиционални мокасини, па така тој за „Variety“ изјави дека се чувствувал како „криминалец“ само затоа што ја претставил својата култура на најголемиот светски филмски фестивал.

Продуцентот од Ванкувер, Келвин Редверс бил во редицата со цел да прошета на црвениот тепих за светската премиера на филмот „Les Amandiers“ на режисерката Валери Бруни Тедечи, кога наеднаш беше запрен од обезбедувањето и беше отстранет од црвениот тепих. Редверс беше дел од контингентот на автохтони продуценти кои за првпат беа во Кан и ги претставуваа своите проекти.

Фото: Инстаграм

Келвин беше во соодветна облека, но елегантните чели ги замени со пар традиционални кафени мокасини – „Dena“, на автохтониот народ од северозападната територија на Канада, каде тој пораснал.

„Се надевав дека ќе носам пример од нешто што би се сметало за формално за мојата култура, а тоа беше прекрасен пар мокасини кои ги изработи мојата сестра“, изјави Редерс и додаде дека бил прилично возбуден што ќе ги носи. Но штом обезбедувањето ги забележало мокасините, тој бил исфрлен од црвениот тепих.

Во минатото на жените не им биле дозволени рамни чевли

Иако неговиот колега што зборува француски се обидел да објасни дека Кан треба да биде флексибилен за традиционална облека од различни култури како што се сари и килтови, протестите биле залудни.

Фото: Инстаграм

„На прилично агресивниот чувар му здодеав, па така тој ми се втурна во лицето и му рече: „Треба да заминеш, веднаш. Оди сега. Бев многу збунет и повреден, се чувствував омаловажено. Ме третираа како криминалец затоа што само се обидував да ја носам својата свечена традиционална облека”, изјави Редверс.

На Редверс му кажале дека ќе му биде дозволено да се врати на црвениот тепих само откако ќе ги облече вообичаените чевли. Сепак, по поплаките, продуцентот бил поканет на друга проекција и успеал да прошета на црвениот тепих во традиционалните обувки.

Кан имаше долга историја на контроверзии на црвениот тепих, а во минатото ги одбиваше жените кои носеа рамни чевли наместо високи потпетици. Иако ова правило на крајот беше напуштено бидејќи ѕвездите како Џулија Робертс и Кристен Стјуарт протестираа боси на тепихот, но строгите правила за обувките на фестивалот очигледно сè уште важат.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Алексовска е првата Македонка која ќе биде дел од НБА кампот „Кошарка без граници“

Следно

Пратениците едногласно ги поддржаа измените на Законот за земјоделство и рурален развој

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian