Хрватскиот премиер и одговори на српската колешка Брнабиќ: Смешни се тезите за етнички чиста Хрватска

2 mins read

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во Брисел се сретна со германскиот канцелар Олаф Шолц по што одговараше на новинарски прашања. Освен за енергетските, Пленковиќ се осврна и на изјавата на српската премиерка Ана Брнабиќ која во емисија на Пинк рече дека Хрватска е етнички најчистата држава во Европа.

„Хрватска ги почитува правата на националните малцинства. Потпретседател на Владата е Ања Шимпрага, беше и Борис Милошевиќ, присуството на сите претставници на малцинствата во различни сегменти на власта зборува за тоа каква е нашата политика. Политика за решавање на отворените прашања, политика на вистината, политика на процесуирањето на воени злосторства, политика на пронаоѓање на исчезнатите. Тезите за тоа дека Хрватска е етнички чиста се смешни. Да сме ниту тие ќе беа во Саборот ниту ќе учествуваа во власта. Нашата политика е политика на инклузија, толеранција и помирување, но пред се преку вистината. Без вистината, тешко дека можеме да одиме напред по големосрпската агресијата на Милошевиќ против Хрватска“, рече тој.

Хрватскиот премиер кој е во судир со претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ, го обвини дека води проруска политика која е голема штета и срам за Хрватска.

-Милановиќ вели дека санкциите против Русија не функционираат. Тоа не е точно. Благодарение на своите енергенси Русија ја финансира својата агресија врз Украина. Сето тоа се случува затоа што некој има пари за војната, а тие пари доаѓаат од енергенсите. Тоа е прашање на морал. Треба да бидеме на вистинската страна на историјата, на вистинската страна на моралот.

-Јас сум, владата е. А дали е човекот што го споменавте во прашањето, нека се праша. Човекот или ништо не знае, или е љубоморен, или зборува без никакви аргументи, или да засени некој собир. Ние водиме политика во интерес на Хрватска и правдата. Ние не водиме политика која би требало да му служи на агресорот, односно Русија.Ако тој ја води, тоа е голема штета и срам за Хрватска“, рече тој.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Излажал дека има мајка од Македонија, а со помош на вработени во Управата за матични книги, добил и валидни документи

Следно

Тревизан – Гоф е првата полуфинална двојка на „Ролан Гарос“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian