Грција и Саудиска Арабија ќе ги поврзат Европа и Азија со кабелски систем за пренос на податоци

1 min read

Грција и Саудиска Арабија потпишаа начелен договор за проектот „East to Med data Corridor“, односно за подводен и копнен кабелски систем за пренос на податоци што ќе ги поврзе Европа и Азија, брифираат грчки дипломатски извори, јави дописничката на МИА од Атина.

Првичниот договор во Атина го потпишаа извршните директори на компаниите од двете земји вклучени во проектот, а текстот на конечниот договор се очекува да биде потпишан до крајот на јули годинава.

Реализацијата на проектот би требало да започне на почетокот на есента, а процените се дека кон крајот на 2025 година ќе биде финализиран.

Според истите извори, станува збор за историски проект кој ги користи географските позиции на Грција и Саудиска Арабија за да создаде коридор за пренос на податоци, неопходен за глобалната економија, додека двете земји ги става во центарот на транспортот, чувањето и генерирање податоци во Евроазија.

Проектот ќе ја направи Грција источна порта кон ЕУ за пренос на податоци, а Саудиска Арабија ќе стане регионален дигитален центар.

Вчера и денеска во Атина се одржаа бизнис форум и состанок на заедничкиот министерски комитет меѓу Грција и Саудиска Арабија. (МИА)

kurir.mk

Претходно

Касами: Конечно е изгаснат пожарот во фабриката „Пофикс“

Следно

Герасимовски: Досега се пријавени 67 корисници на проектот „Центар се грижи за возрасните“, има простор за уште 23

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian